25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагедијата во РЕК Битола

На 20.08.2020 во СВР Битола било пријавено дека во 07.10 часот во рудникот „Суводол“ – ЕТЈ Траса „РЕК Битола“, бил пронајден починат В.К.(60) од с.Стругово, демирхисарско, кој бил вработен како машинист.

Според пријавеното, тој бил потиснат од работна машина.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.