25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Белата палата “врие” – Се бара оставка од Мицкоски и целото раководство, се јави и Сашо Мијалков

Иницијативниот одбор за организирање вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и одржување на вонреден конгрес за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Барањето на иницијативниот одбор го соопшти поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска-Илиевска, на прес-конференција пред партиското седиште.

„Мицкоски ги загуби претседателските избори, ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загуби и парламентарните избори. Вистината е дека највиновен е Мицкоски. На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново и сериозно раководство. На партијата не му треба лидерство кое денес ќе каже едно, а утре спротивно. Тој рече дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите. Изборите ги загуби, не формираше влада. Затоа ние од иницијативен одбор за промени го повикуваме Мицкоски да си поднесе оставка и да преземе чекори за закажување на вонреден конгрес за избор на нов претседател“, кажа Дамчевска-Илиевска.

Сашо Мијалков: Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже

– Стотици илјади членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ не заслужуваат да ги води некој што лаже. На СДСМ му одговара прв човек на опозиција кој е навикнат на порази и одбива да се соочи со реалноста и одговорноста, напиша некогашниот висок функционер во ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков и додаде дека е време за промени.

Време е за промени. Време е за ново, сериозно раководство кое ќе ја добие поддршката од членството. Време е за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи, пишува Мијалков.

 

ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски не си дава оставка

Вчера, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кажа дека би било кукавички Мицкоски сега да даде оставка и додаде дека за нив тоа прашање е завршена работа.