25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коронавирус во Македонија: Се забележува намалување на заразени, во однос на направени тестови – 118 новозаразени и тројца починати за едно деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5.

Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.

Направените 1653 теста се преку: ИЈЗ-446, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-263, Биотек-337, МАНУ -90, Жан Митрев (Филип Втори)-233, Систина со PCR метода -145, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-14, ГАК-17, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 132493 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.