Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.
-Ја прецизиравме и потврдивме рамката за идната соработка меѓу СДСМ и колацијата Можеме и ДУИ, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.
-Јас сум особено горд што овој договор го постигнуваме на самиот почеток на истеко на 20 уставни гарантирани денови.
Дозволете во оваа прилика да ви претставам дел од принципите на кои се темели коалициски договор на влада која ќе ја предводам јас како нејзин премиер.
Кадровската понуда ќе се води од принципите за еднакво општестбво за сите.
Во владата нема да се предлагаат министри без ресор со исклучок на вицепремиерските места.
Платите да продолжат да растат, да се вложува во нови работни места
Согласни сме на неселективна и длабинска брба со криминалот о корпуцијата.
Согласни сме да се спроведе прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари кај секој функционер.
Постои согласност да се зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите на сите нивоа.
Постои коалициска согласност заштитата на животната средина да биде еден од врните прииоритет во владината програма.
Заеднички сметаме дека борбата со коронавирусот треба да остане врвен преиортет на јавното здравство.
Согласни сме приоритетно да ги спорведуваме сите реформи во однос на нашето членство на ЕУ.
ќЕ се укине Пржинската влада.
Ќе се работи на моделите за намалување на обемот на администрацијата за 20 проценти, со цел граѓаните да добијат поквалитетни и побрзи услуги.
Овие принципи ќе ги преточиме во заедничка владина програма која во целост ќе го следи патот кој го исцртавме за членство во ЕУ.
Тоа е европскиот пат, патот на екномијата, правдата и еднаквоста.
Остануваме на ставот дека секој граѓанин може да ја извршува било која функција во државата, вклучително и функцијата претседател на владата на Република Северна Македонија, кажа Заев.
Заев имаше средба со Ахмети за постигнување конечен договор за формирање на влада, на која присуствуваа и генерлните секретари на партиите Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ.