Денес и за време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од понеделник следува сончево време со пораст на температурите.
Прогноза за 26.07.2020
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 28°С до 35°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме. УВ=8
Прогноза за 27.07.2020
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ=9
Прогноза за 28.07.2020
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. УВ=9