Наќе Чулев, сегашниот министер за внатрешни работи во техничката влада, уште оваа недела е на функција.
Министерството, до изборот на новата влада ќе го води Агим Нухиу, кој од заменик, ќе стане министер за внатрешни работи. Тој го водеше МВР и по парламентарните избори во декември 2016.
Од местото дополнителен заменик заминува и Славјанка Петровска. Си заминуваат и заменските кадри од ВМРО-ДПМНЕ од министерствата за земјоделство, за информатичко општество и администрација и за финансии. Министрите Димковски и Манчевски ќе продолжат да ги водат министерствата. Манчевски ќе биде во исто време и пратеник, додека не се избере новата Влада.
Технички премиер си останува Оливер Спасовски, кој ќе биде и пратеник, со право на глас кога ќе се гласа за конституирање на Парламентот и за избор на нова влада.