Денеска во 18 часот Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница на која ќе решава по поднесените приговори.
Комисијата треба да се произнесе за 2.141 приговор на партиите за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето на изборите.
Пред истекот на рокот, Левица поднесе 1.982 приговори, Алијансата за Албанците и Алтернатива – 151, а ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 2 приговора.