Во 01.30 часот во СВР Скопје, С.К.А.(44) од Скопје пријавила дека синоќа околу 21.40 часот, во близина на училиште на ул.„Женевска“ во Скопје, нејзиниот 16 годишен син кој бил заедно со уште еден 16 годишен малолетник по претходна расправија биле физички нападнати од група непознати лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.