Често се будите уморни и без енергија? Еве во што е проблемот
Често се будите без енергија, храната која ја јадете ве прави уморни, кафето не ве разбудува…
Едноставно не се чувствувате добро? Можно е да имате премногу токсини во телото.
Често се будите уморни и без енергија? Еве во што е проблемот
Постојано сте уморни
Колку и да сте спиеле и одмарале, имате чувство дека не можете да ги извршите работите кои ве чекаат.
Тоа може да биде знак дека телото црпи енергија за да го исфрли вишокот токсини.
Затвор
Цревата секојдневно примаат токсини од храната и помагаат телото да се избори со нив.
Кога варењето не ви е редовно, сите токсини остануваат во делот на системот за варење, што има негативен ефект врз целото тело.
Чувствителност на мириси
Ви сметаат сите интензивни мириси, дури и оние кои редовно сте ги користеле?
Ако при тоа почувствувате и главоболка, речиси сигурно, вашиот организам има вишок токсини.
Лош здив
Лошиот здив може да настане поради бактерии во устата, но исто така е знак дека вашите црева и црн дроб имаат проблем со елиминација на токсините од телото.
Како да ги исфрлите од телото?
За почеток пијте многу вода која ќе ви помогне при исфрлање на токсините, а во дневната рутина воведете чаеви од магдонос, коријандер…
Вежбајте секојдневно барем по 30 минути, а ако сте во можност, посетете и сауна.
При миењето заби, не заборавајте на хигиената на јазикот.
Внимавајте на храната, намалете ја количината на сувомеснати производи и шеќер, а јадете повеќе овошје и зеленчук.