25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАSHOWBIZИЗБОР

Запознајте ја Сања Димова – новата македонска ѕвезда!

Струмичанката Сања Димова (19) е новата македонска ѕвезда која со својот ангелски глас и песна во модерен ритам ќе се обиде да го пронајде своето место под домашното естрадно небо.

Нејзината прва авторска песна го носи насловот „Знам да кажам не“, а на неа како автори на музиката и текстот се потпишуваат Димитар Симонов и Зоки Зоц, аранжманот и миксот се на Дејан Стојановиќ, додека мастерот е дело на Иван Јамандиловски.
Спотот кој изгледа светски и драстично се разликува од она што сме навикнати да го гледаме во домашниот етер е снимен во режија на веќе докажаниот Алек Тасевски. Свое учество во спотот имаат и атрактивните модели Ева Живковска, Мирјана Ристовска и Никола Стојановски, кои одлично се надополнуваат на видео-приказната.

Прекрасниот глас и талентот за пеење го наследила од своите родители Билјана и Борис Димови кои настапуваат во дует, а јавноста имаше можност да ги види низ годините на најреномираните фестивали во земјава. Кога станува збор за музичкото образование, Сања избира да студира отсек соло пеење на државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип, а по дипломирањето заминува на студии на реномираниот факултет „Ариго Боито“ во Парма, Италија. Нејзините планови за кариера во Италија ги променува пандемијата предизвикана од новиот корона-вирус, тогаш одлучува да се врати во Македонија и токму тука да го чекори патот на музиката.
Во продолжение погледнете како изгледа првиот проект на Сања Димова, нашата нова музичка ѕвезда.