24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Паника и нервоза: Ливчињата уште непреброени, порталите фарми за лажни вести под унгарска капа шират неточни информации за резултати од изборите

Лажни вести за притвори, наводен поткуп, но и говор на омраза кај неколку портали познати под тоа што се фарми за лажни вести.

Невиден обид за мешање во изборите и волјата на граѓаните е забележан кај овие фарми за лажни вести, кои објавуваат наводни резултати од изборите, каде досега гласаа лицата во изолација, болните и затворениците.

Граѓаните треба да знаат дека согласно законот, сите гласачки ливчиња се пребројуваат точно по завршувањето на целокупниот изборен процес и не е возможно некој да има податок за тоа кој и како гласал, односно колку гласови добиле кандидатите.

Гласачките ливчиња на граѓаните кои гласале додека се во изолација или се болни или изнемоштени лица, ќе бидат за прв пат изброени утревечер во 21 часот, заедно со останатите ливчиња.

Со ова се отвора прашањето кој и зошто ги објавува лажните вести кои флагрантно го нарушуваат изборниот процес и одат во полза на една политичка партија. Интерсно е што сите инциденти во медиумите со кршење на изборниот молк се направени од фарми за лажни вести, од кои дел се познати веќе речиси 10 години како го прават тоа.