Еве зошто секогаш треба да ставате монета во замрзнувач пред да заминете на одмор!
Дали некогаш сте пристигнале од подолго патување и сте забележале дека вашите дигитални часовници покажуваат погрешно време?
Можеби дошло до прекин на електричната енергија, но никако не можете да знаете колку долго немало струја, зар не?
Можеби се работело за неколку дена, што доведува до одмрзнување на храната во фрижидерот и нејзино расипување. Кога повторно ќе дојде струја, намирниците повторно смрзнуваат и вие речиси и не забележувате дека еднаш се одмрзнале.
Како што знаеме, тоа може да биде многу опасно, бидејќи за некои прехранбени производи постои ризик од ширење на салмонела и други бактерии!
Но, на својот профил Sheila Pulanco Russell открила начин – како сепак да дознаете дали и колку долго вашиот замрзнувач останал без струја!
Дали храната е безбедна за конзумација или долго стоела на топло ќе дознаете многу едноставно.
За тоа ви се потребни шолја, монети и вода. Ставете вода во шолјата и ставете ја во замрзнувач да замрзне. Кога во шолјата ќе остане само мраз, на врвот ставете паричка и потоа вратете ја шолјата во замрзнувач. Кога, на пример, по годишниот одмор ќе се вратите во куќата, пред конзумација на храната од замрзнувач, погледнете каде се наоѓа паричката!
Ако монетата и натаму е на врвот или евентуално на средината на коцката мраз во шолјата, или не дошло до прекин на струјата, или имало краток прекин, па мразот делумно се растопил. Доколку пак паричката се наоѓа на дното, тоа значи дека струја немало доволно долго за мразот да се растопи, а паричката да потоне до дното.
Тогаш подобро храната од замрзнувач да не ја подготвувате.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1295761810437025&set=a.2724891184190740&type=3