Два мерцедеси се судриле вечерва околу 19 часот и 20-тина минути на патот Радовиш – Штип, дознава Centar.mk.
Според неофицијални информации на Centar.mk во едниот мерцедес со велешки таблички се повредени 10 лица, кои најверојатно биле мигранти и итно се пренесени во клиничката болница во Штип.
Во другиот мерцедес кој бил со бугарски регистарски таблички, повредени се уште две лица, жена и маж и тие се префрлени во болницата.
Возачот кој го управувал велешкиот мерцедес кој носел мигранти се вдал во бегство, велат неофицијални извори за Centar.mk, а полицијата интензивно трага по него.