23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови бомби: Насилство во ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев се заканува дека ќе мавал боксови на жени и ќе тепал членови на УМС

Новите аудио материјали кои се појавија денеска ја откриваат насилничката страна на носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Игор Јанушев

„Ако ја видам утре вечер, ќе и дадам еден бокс в фаца“ вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во разговор со тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во најновите материјали кои се појавија утрово на Јутјуб.

Во разговорот Јанушев и Јанакиески зборуваат за списоци на членови на ВМРО-ДПМНЕ вработени во Министерстово за инфоматичко општество, а Јанушев делува изнервирано затоа што најверојатно бројките и списоците не се совпаѓале.

Во вториот разговор, Јанушев се заканува и дека ќе тепа членови на Унијата на млади сили.

„Ако УМС ми даде утре 5 ќе отидам на Јоцо да му лупнам една. Петок е утре. Кога ќе ги завршам тие 500?“ коментира Јанушев.

Јанушев во моментов е носител на изборната единица три од ВМРО ДПМНЕ, тој е човек кој со години важеше за десна рака на Миле Јанакиески, а против него има отворена истрага за набавката на кинеските автобуси од времето кога беше директор на ЈСП Скопје.