15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Села: Албанските административци нека останат мирни, нема да отпуштиме никого

Зијадин Села и кандидатите за пратеници од коалицијата „Сега е време“ ги посетија населените места во општина Желино.

Пред жителите на општината кандидатите ја претставија својата изборна понуда и слушнаа за нивните секојдневни проблеми.

Во својот говор пред жителите на Требош, Села, меѓу другото, ја спомена и состојбата во која се наоѓаат повеќето Албанци вработени во јавната администрација.

„Дискриминацијата врз вработените Албанци во државната администрација ќе заврши со победа на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сакам да упатам апел до сите албански административци. Никој нема право да уценува, заканува и да врши притисок. Нема потреба да се поклоните на некого за да ја задржите работата. Ние ќе го чуваме достоинството на секој од вас. На 15 јули ќе заврши дискриминацијата и понижувањето на административците. Ние нема да отпуштиме никого, напротив, ќе напредуваат и ќе им го дадаме заслуженото место во државната администрација“, рече Села, носител на листата на коалицијата „Сега е време“ во шестата изборна единица.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден мигрант, откако се обидел да се качи на товарен воз кај Криволак

M T

На 31.08.2021 во 00,25 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Железничката станица Криволак имало повредено лице– мигрант, Р.О. од Авганистан.

Според пријавеното, во близина на железничката станица Р.О. се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од станицата кон Скопје, при што се здобил со тешка телесна повреда. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +