Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Во градовите нема со кого здраво да се направи, да си ги вратиме децата дома со силна економија

Следниот четиригодишен мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до крајот на истиот да се дојде до најмалку 25 проценти повисока просечна плата, рече на собир во Пласница, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ветуваме најмалку 20 проценти покачени пензии и враќање на старото законско решение. Најмалку 1.000 километри реконструирани локални и регионални патни правци. Најнизок данок во Европа од 8 проценти, 0 проценти данок за вработување на млади до 29 години. Да си ги вратиме децата дома. Празна е Македонија, не само селата, сега и градовите се празни. Немате со кого здраво да направите. За земјоделците се предвидени најмалку 460 милиони евра субвенции и загарантиран откуп, а за лекарите реконструиран и реновиран здравствен систем“, кажа Мицкоски во однос на дел од предизборните ветувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на 15 јули да го заокружат бројот 14 за Игор Дурловски, бидејќи како што кажа, тоа е човек што ја љуби Македонија и ги почитува соседите и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК