10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен, јави РТС.

Иако беше кажано дека граѓаните на Србија кои сакаат да одат на море од денес, ќе можат да стигнат до Грција по пократок пат, преку нашата земја, фејсбук-групата Nikana.gr објави дека Евзони е повторно затворен.

„Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен до понатамошно известување. Промахонас е отворен и ќе остане отворен“, додаваат тие во соопштението.

Според неофицијалните информации, граничниот премин Евзони ќе биде затворен до 15 јули.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија кај Трпејца: Се удави турист кој нуркал

ДЕСК

Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СИНОЌА ГО ТРЕСЕШЕ СКОПЈЕ: Приведени повеќе лица, санкции за угостителски објекти

ДЕСК