Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-6, Штип-15, Прилеп-3, Тетово-19, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-2, Пробиштип-2, Свети Николе-1, Ресен-3.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-43, Штип-1, Битола-1, Ресен-3.
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Тетово (56г). Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка од Скопје (56г). Во болницата во Гостивар почината е пациентка (71г) и во Прилеп пациент на 83 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.
Направените 1140 теста се преку: ИЈЗ –489, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –106, Биотек –110, МАНУ -115, Жан Митрев (Филип Втори) -180, Судска медицина-0, Систина со PCR метода -120, ЦЈЗ Битола-20, лабораторија Лаор- 0. Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.