„Ја дочекавме слободата и демократијата. Центар и денес кога живее во демократија е гласен критичар кон политиките, и поука и лекција сте за сите други граѓани, а посебно за младите генерации кои уште ги учиме кои се придобивките на слободата и демократијата. Вие будно ги следите процесите и бевте гласноговорници на целиот народ. Сега имаме репер, ако Центар победува, победува цела Северна Македонија. Затоа знам дека ќе ги згазиме во Центар и уверен сум дека и во сите други градови.“ се обрати победнички лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибината во општина Центар на која беа промовирани носителите на листата за првата изборна единица Никола Димитров и Мила Царовска.
Тој објасни дека изборите се можност за државата да создаде функционални институции.
„Имаме задача да поставиме функционални институции, за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење, со огромна поддршка од демократскиот свет, да правиме скокови за унапредување на животот и да го направиме животот поквалитетет. Мораме и по 15 јули да останеме на правиот пат, на есен ќе го имаме корона вирусот, но пред тоа ни треба влада и парламент. Ни требаат институции.“- говореше Заев пред центарци.
Најави дека Северна Македонија ќе биде домаќин на Берлинскиот процес, прва држава во историјата која не е членка, а и се доверува таков важен настан. Сето тоа зборува за пријателствата на државата.
„Потоа и ќе ги отвориме поглавјата за преговори со Европската Унија. Трендот на големата поддршка на вистинските вредности, на слободата, на слободата на говорот, на критичката јавност, на напредокот во европските процеси, сето ова ќе продолжи по изборите. Нема застанување сега кога ни е отворен патот. Знам дека ќе излезете на избори и ќе ја изберете вистинската опција, затоа што другата алтернатиива е погубна. Сега имаме простор да одиме напред. Со заокрожување на бројот 3 избираме иднина, праведност, нова развојна