24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија во Скопје: Татко си го прегазил 2-годишното дете во дворот- докторите можеле само да констатираат смрт

Татко го прегазил двегодишното дете во Сарај обидувајчи се да го паркира автомобилот во дворот, по што детето починало.

„На 25.06.2020 во 23,10 во СВР Скопје било пријавено дека во Градска општа болница „8-ми Септември“ било донесено повредено двегодишно дете од с.Сарај,скопско, кое, според пријавеното, било повредено така што додека неговиот татко Б.М(29) од с.Сарај се обидувал да го паркира возилото „мерцедес“ во дворот, движејќи се наназад без да го забележи го прегазил двегодишното дете.Од доктор била констатирана смрт.“ соопштуваат од МВР.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.