Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Скопје- приведени пет лица

Пет лица биле уапсени во текот на изминатите 24 часа на неколку различни локации во Скопје поради поседување н дрога.

„На 25.06.2020 во 14,00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на средно Водно на патот за Нерези, ги лишиле од слобода М.Ј.(32) и Д.Ј.(37) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градски парк, го лишиле од слобода М.М.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 25.06.2020 во 22,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Јане Сандански“, ги лишиле од слобода А.Н.(34) и А.П.(44) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ соопштуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК