20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Рамадани од трибината на СДСМ: Заев е заслужен за меѓуетничките односи, за односите со соседите, за НАТО и ЕУ

„Се прашувате што бара Исмет Рамадани на трибината во Тетово, но кога тема се евроатланските интеграции душата не ми е мирна. Да ве потсетам дека режимот падна, но само две третина, сега мора да падне и последната третина. Јас не сум член на СДСМ, или на БЕСА, ама сум член на оваа коалиција „Можеме“. Кога си сигурен 100 отсто дека оваа коалиција е со евроатланска ориентација тогаш знам дека сум на вистинската страна.“- говореше Исмет Рамадани на предизборната трибина на СДСМ во Тетово.

Тој со присутните сподели негови разовори со Заев.

„Во една прилика кога го прашав Зоран Заев како ќе го победиме режимот, тој ми одговори дека има возвишена цел, нашата држава да биде членка на НАТО и ЕУ. Стабилноста и безбедноста ќе ги направи младите послободни, покреативни, затоа што ние денес можеме преку концептот на Заев имаме стабилни и хармонични меѓуетнички односи, чиниш симфонија. Јас не паметам дека сме имале подобри односи со соседите. За сето тоа најзаслужен е Зоран Заев. Со неговата политика ни се отворија вратите и галопиравме кон НАТО, сега истото ќе ни се случи и со Европската Унија.“- дополни Рамадани.

На крајот тој изрази оптимизам дека коалицијата на СДСМ ќе однесе голема победа на изборите.

„Оние политички партии кои само зборуваат, како ВМРО ДПМНЕ, никогаш немале чиста намера да влеземе во Европа. Навика им е да ја крадат државата, да владејат со криминал… Таквите партии не се НАТО ориентирани. 80 отсто од граѓаните во нашата држава со години се про- НАТО ориентирани и затоа сите овие граѓани треба да гласаат за „Можеме“, затоа што секоја друга алтернатива носи таксират за поколенијата позади нас. Затоа на 15 јули оваа коалиција ќе биде победник на изборите.“- заврши Рамадани.

Спонзорирано: