Европски официјални претставници подготвија список на земји на кои граѓаните ќе им биде дозволено да влезат во Европската Унија (ЕУ) од 1 јули, по забраната воведена поради Ковид-19. Постојат повеќе од 50 земји на тој список. Од регионот на листата се Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, објави веб-страницата „Еуроњус“.
Покрај тој нацрт, објавен е друг, со список на земји на кои граѓаните нема да им биде дозволено да влезат во ЕУ, а тој нацрт предизвика контроверзии затоа што ги вклучува САД, земја со најголем број луѓе кои страдаат од Ковид-19, но и Русија. Русија, Бразил и Катар се на списокот на држави на чиишто граѓани им е забранет влез во ЕУ.
Интересено е што Македонија на нема ниту на едната, ниту на другата листа.