24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почнува караванот на коалицијата „Можеме“ без масовни митинзи и посети на домови

Почнува караванот на коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови. Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, коалицијата „Можеме“ најави дека ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи.

„За запознавање со понудата коалицијата ‘Можеме’ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми. За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и Соња Мираковска.

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) општина Центар (сабота) и Куманово (недела).