Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради изведување водоводен приклучок од ф-80 мм на улицата Васил Стефановски бр.30 во населбата Центар, во периодот од 9 часот, па сè до завршување на активностите, без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Стефановски, Роза Луксембург, Петар Поп Арсов и Костурски херои, како и дел од корисниците од улиците 9 Мај и Христо Смирненски во општина Центар.
Поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на ул. Скупи б.б., во периодот од 08.30 до 13.30 часот без вода ќе останат корисниците од ул. Скупи – крак 1, 3 и 5 (општина Карпош).