13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ангеловска: Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра

Фејсбук статус на Нина Ангеловска, министер за финансии:

Од лансирањето на МојДДВ во јули 2019 година до март 2020 година, односно за 9 месеци на граѓаните им е извршен поврат на ДДВ од 10,7 милиони евра.

👉од кои повеќе од половина е поврат извршен за периодот јануари-март 2020 година.

Од тримесечје во тримесечје повратот на ДДВ кон граѓаните е поголем, што значи дека борбата против неформалната економија зајакнува, така:

🔹 Окт-дек 2019 повратот е повисок за 35,8% во однос на претходното тримесечје
🔹 Јан-март 2020 повратот е повисок за 37.8% во однос на претходното тримесечје

И бројот на граѓани кои скенираат сметки се зголемува. Така:
🔸 За К3 2019 поврат добиле 155.664 граѓани
🔸 За К4.2019 поврат добиле 188.135 граѓани
🔸 За К1 2020 поврат добиле 232.716 граѓани

🇲🇰 🌞 Отсега граѓаните кои ќе купуваат и скенираат сметки за домашни производи наместо 15% ќе добиваат 20% поврат на ДДВ, додека за останатите повратот ќе изнесува 10%. МојДДВ освен во борбата против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија.

Спонзорирано: