22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Државата враќа ДДВ – Од сега повеќе пари за граѓаните

Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија.

„Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме на вработените во производствените капацитети, на угостителите, на занаетчиите…на нашите пријатели, соседи, познаници, но и сограѓани кои не ги познаваме, а сега навистина им е потребна нашата поддршка. Таа поддршка можеме да им ја дадеме, така што наместо странски производ, ќе одбереме домашен. И ние знаеме и умееме да креираме квалитетни производи и услуги. Поддршката на домашните компании е од големо значење, особено сега кога сите земји даваат поддршка на националното производство и услуги“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

За странските производи пак, со уредбата повратот се намалува од 15% на 10%, повторно во насока на стимулирање на купување на домашно производство.

Во МојДДВ учествуваат над 290.000 граѓани, кои даваат придонес во борбата против сивата економија. Со измените кои се донесени, тие ќе се приклучат и во поддршката на домашната економија, на домашните фирми, на зачувувување на работните места на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

M T

СДСМ: Преку „Мој ДДВ“ вратени над 36 милиони евра кон речиси 400.000 граѓани за две години

M T

Мелиса Ценовска Серафимовска: СДСМ ги враќа парите кај граѓаните – преку МојДДВ на 399.000 граѓани им се вратени 36,3 милиони евра

M T

Лукаревска: Со „Мој ДДВ“ четиричлено семејство враќа 28.000 денари годишно во домашниот буџет

M T

Милиони денари ќе бидат распределени на сметките на оние кои скенирале преку Мој ДДВ

CENTAR MKD

Деновиве треба да легнат 66.853.929 денари на сметките на 204.088 граѓани – пари од викендот без ДДВ

CENTAR MKD