Продукцијата на лажни вести од фејк њуз ВМРО-ДПМНЕ е пуштена на најјако, велат од СДСМ, кога потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и ексминистер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, објави фотографија и праша дали е тоа градежната офанзива на СДСМ.
„Славата со пласираните лажнати вести на Мисајловски многу кусо траеше. Фејк њуз Мисајловски постира фотографија од велосипедска патека во Австрија со свесна манипулација дека тоа е кај нас, но веднаш беше поклопен од вистината. Додека Владо Мисајловски од фејк њуз ВМРО свесно објавува и шири лажни вести со кои ги манипулира граѓаните, реалноста е сосема поинаква. Реалност се пречистителните станици, реалност се автопатите, регионалните патишта, водоводите, реалност е гасификацијата во целата држава“, наведуваат од владејачката партија.
Оттука додаваат дека СДСМ останува посветен на развој и унапредување на инфраструктурата, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поделби, омраза и на она што го знае најдобро – да биде фејк њуз партија.