8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Петровска до Чулев: Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси

Фејсбук статус на Славјанка Петровска, дополнителен министер за
Внатрешни работи:

Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси.

Македонската јавност и македонската полиција заслужуваат повеќе од ФБ пост или нарачани интервјуа.

Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание!!! И Министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше.

Директорот на БЈБ испраќа телеграми кои твоите началници ги кријат во фиока.

Бројот на заболени е резултат на колебливоста и обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност.

Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите.

Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас.

И да, не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК