9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Костадинов: Изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок

Новинарско прашање до Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ:

Дали во текот на викендот лидерот на СДСМ имал контакти со коалиционите партнери во врска со датумот за избори и дали е вистина дека 5 јули е последниот предлог за опозицијата?

Одговор на Костадин Костадинов:
Ставот на СДСМ неколкупати јавно го соопшуваме и тука нема што да се крие. Како што напоменав и во оваа прес-конференција дека изборите се решение и треба да се одржат во првиот можен рок, секако по завршување на вонредната состојба и согласно состојбата со епидемијата. Избори се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции коишто ќе бидат целосно посветени на заштита на здравјето на граѓаните, но потребни ни се функционални институции коишто ќе бидат посветени и за рестарт на македонската економија. Рековме дека договор е можен до завршување на вонредната состојба, согласно законите се знае дека избори треба да се одржат 22 дена по завршување на вонредната состојба.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.