24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Филипче на ТВ 24: Имаме контрола, но мерките мора да се почитуваат, ако не носиме маски и не држиме растојание вирусот ќе се шири

„Ова е ситуација со намалување на кривата и тоа е така во целиот свет. Сега сме во мирна фаза врз која имаме контрола. Имаме нови заболени, но како резултат на контакти со претходно заразени. Уште некои факти кои влијаат, воведовме многу рестриктивни мерки и сето тоа даде резултат.“- смирува министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето на ТВ 24.

Тој посочи дека сите предлози на Комисијата за заразни болести се темелат врз анализи и се во правец на заштита на здравјето, вклучително и тој за полицискиот час..

„Не се почитуваат мерките за носење маски и држење растојание. И тоа влијае врз одлуките на надлежните институции. Тоно е дека има нови случаи, но тоа е очекувано. Вирусот нема да го снема, ние ќе живееме со него и токму затоа се препораките за маски и растојание. Сведоци сме дека мерките се олабавуваат, животот постепено се враќа во нормала, но тоа е можно само со почитување на препораките, во спротивно бројот на пациенти ќе расте.“- дополни министерот.

Филипче уверува дека ситуацијата е под контрола и дека единствен начин да се спречи неговото ширење е почитување на прпораките.

„Кластерите се целосно познати, има по десетина случаи заразени на собир на поширока фамилија, имаме заразени и од присутните на литијата во Струга, но ние ги лоцираме, ги следиме контактите и преземаме мерки. Во изминатиов период се покажа дека само со силно рестриктивни мерки е можно спречување на вирусот. Секако олабавување на мерките се планира и за наредната недела. Таму каде што се почитуваат мерките нема вирус, но го има онаму каде што не се почитуваат.“- изјави Филипче.

Тој потврди дека целиот медицински персонал бил професионален и дека системот функционора. Тоа што има нови пациенти е затоа што има граѓани кои не ги почитуваат препораките за заштита.

„Многу е важна свеста кај народот. Треба да сфатиме дека станува збор за тешка болест, ама некои тоа не го сфаќаат. Целиот свет почнува да живее со вирусот, но мораме да ги имаме „меките“ мерки, со маска и растојание. Мерките даваат ефект ако се почитуваат, но и надлежните да интервенираат и да изрекуваат казни. Ќе водиме различен живот од тоа што го имавме претходно. Никој не го очекувал ова, но мора да се сменат навиките. Во целиот свет, не само кај нас.“- заврши министерот на ТВ 24.