13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Познато е кога Македонија ќе ги отвори границите

„Мора да се биде многу внимателен при отворање на границите. Правиме анализи и околу тоа. Сигурно ќе мора заеднички настап на државите, за да се утврдат правилата за патување во летните месеци, понатаму, како ќе се третира заболено лице… Преку лето нашата држава ќе биде транзит за многумина. Потоа, мораме да утврдиме како побрзо да се минуваат границите за да не се прави гужва. Со Грција сме во контакт и чекаме да видиме што и како ќе договориме. Сега сме во период во кој полека сфаќаме дека живееме со вирусот. Има граѓани кои носат маски и почитуваат мерки, но мора да се промениме, тоа е основно во однос на спречувањето на ширењето на вирусот. “- изјави министерот за здравство, Венко Филипче на ТВ 24.

Тој потврди дека ќе се отворат аеродромите, но откако се ќе биде подготвено за заштита на здравјето на патниците.

„Малку е рано да се отворат нашите граници. Може веднаш да ни се компромитира стратегијата за заштита од вирусот. Евентуално границите би се отвориле кон средината на јуни. До тогаш ќе имаме секако повремени, нови пациенти. Ќе може да се патува каде било, но да се внимава, да се одржува дистанца и да се носи маска. Сите држави ќе ги имплементираат речиси истите мерки, со маски и растојание. Тоа е новиот начин на комуницирање. Со блиски луѓе или со пријателите со кои се патува се можни контакти, но и во вода, во езеро или во море ќе мора да се држи дистанца.“- објасни министерот.

За училиштата е јасно дека нема да отворат, но градинките е можно да ги примат децата назад на почетокот на јуни, соопшти министерот.  

Спонзорирано: