Само на летните тераси. Вака ќе работат кафетериите и рестораните, најверојатно од понеделник, но не подоцна од среда следната недела сите кои имаат можност да се прилагодат на новите мерки ќе може да ги отворат своите локали.
На 10 метри квадратни ќе има една маса на која доколку дозволуваат димензиите ќе може да стојат 4 лица.
Ќе се користат чаши и садови за еднокоратна употреба, кои претходно мора да бидат дезинфицирани.
Локалите за почеток ќе работат од 10 до 18 часот, но со намалувањето на рестрикциите, се очекува работното време да биде продолжено.
Кафетериите откако пред две недели добија зелено, па црвено светло за нудење на услугата coffe to go/ кафе за носење, деновиве повторно почнаа да ја нудат оваа услуга.
Граѓаните ќе мора да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да носат маски во затворени простории или на простори каде што не може да се оддржи дистанца од две лица.
Се спремаат плажите во Преспа и Охрид
Се подготвуваат плажите во најголемите туристички центри Преспа и Охрид. Ако Охрид е еден од туристичките центри на Балканот, Преспа е најбарана меѓу македонските туристи со оглед на евтините цените за сместување, пијалоци и храна во рестораните покрај езерото, но и модерната услуга која се нуди. Ниски цени – солидни услови.
40-60 денари за едно кафе или Кока кола, 70 денари за најточеното пиво од марката Скопско, или 80-100 денари за хамбургер, ова се цените на Преспанското крајбрежје кои важеа до пред корона кризата, а според наши сознанија ќе бидат актуелни и оваа сезона.
Во Преспа се очекуваат повеќе туристи отколку лани, а ова се оправдувa со зголемувањето на квалитетот кој го нудат угостителските објекти покрај плажите во Отешево, Претор, Сливница, Долно Дупени и Стење кои со свои инвестиици во последниве години го вратија животот на Преспанското крајбрежје.
Како втора причина е и коронавирус кризата која наместо во странство, поради рестриктивните мерки, ќе ги пренасочи граѓаните од цела Македонија да се вратат кон туричките дестинации во својата земја, особено во фокусот ќе бидат природните езера во Преспа и Охрид.
На плажите и рестораните покрај езерата ќе мора да се почитува физичката дистанца.