24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

КАКО ШТО ОБЈАВИ CENTAR ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА: Македонската држава ќе дели пари директно на граѓаните

Centar екслузивно пред точно шест дена, на 9 мај,  објави дека државата ќе вбризга милиони евра кон македонските граѓаните.

Ваква мерка на ваков начин, по ваков концепт не е видена низ Балканот, ниту во поблиските европски држави.

Третиот сет на мерки покрај граѓанството, ќе ја опфати и угостителската дејност.

Владата на РСМ веќе е во финализација на мерките за граѓанството во земјата.

Како што на 9-ти мај објавивме речиси 500 милиона евра ќе се истурат директно во граѓанскиот сектор.

Тогаш објавивме дека пари ќе се делат на невработените, социјалнозагрозените, студентите и средношколците.

Нашите информации кои ги објавивме на 9-ти мај велат дека парите ќе бидат ќе бидат наменски вбризгани, па така истите средства ќе се доделат за одредена намена. Пример студентите ќе добијат средства за купување на е-уреди од компании поврзани со ИТ индустријата.

Centar.mk дознава дека дел од средствата ќе бидат употребени за стимулација и на туризмот и угостителството па граѓани би добиле и од сто евра до сто и педесет евра за ваучер да ги потрошат токму во овие дејности.

Угостителскиот сектор е најзначајниот сектор кој реално – земено претрпе најголеми загуби во кризата.