16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема човек кој би рекол дека СДСМ ќе победат на овие избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Топ тема“ на „Телма“ ТВ соопшти дека е убеден дека неговата партија ќе победи на претстојните избори.

Коментирајќи ги тврдењата на Заев дека на анкетите водат со 6 проценти пред ВМРО ДПМНЕ, вели дека „нема човек кој би рекол дека СДСМ ќе победат“.

„Но го разбирам Заев, тој ја води таа партија и мора така да тврди“, рече Мицкоски.

На прашањето зошто тој и партијата што ја води се против брзи избори без гаранција дека нема повеќе опасност од ширење на заразата од короната, Мицкоски праша „што ако јас или некој од предложените се зарази и мора да се изолира, што ќе им речеме на граѓаните, ние сме болни, вие одете, гласајте“.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ спорна е и денешната изјава на министерот Филипче дека на владата ќе и предложат да побара председателот Пендаровски да потпише уште нови 30 дена вонредна состојба а од друга страна го објави протоколот како би изгледало гласањето на такви избори во кои заразата е уште присутна.

Спонзорирано: