Овој проект, почитувани граѓани е веќе одобрен од Светска банка. Главни цели се да се спречи, открие и да се одговори на заканата од Коронавирусот и да се зајакне јавното здравство во Северна Македонија, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.
– Со овие средства предвидено е да се обезбеди финансирање на здравственото осигурување на ранливите корисници и ќе помогне да се заштити финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување.
Дополнително, со ова ќе се финансира привремен приход на лица и домаќинства кои исполнуваат услови и се обезбедува социјална помош на ранливите домаќинства погодени од оваа криза. Очекуван опфат на нови корисници погодени од пандемијата се 15.500, а времетраењето на користење на надоместоците е предвидено да трае од 6 до 8 месеци, соопшти Костадинов.
– Понатаму, со дел од овие средства ќе се обезбеди и лабораториска опрема, опрема за медицинскиот персонал и реновирање на дел од здравствените установи.
Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ е против сето ова. Со непотпишувањето, Кочоска работи против здравството, против поголема помош на ранливите категории на граѓани.
За ВМРО-ДПМНЕ нивните лични и партиски интереси им се поважни од здравјето и економската состојба на граѓаните.
Соочен со стравот од изборен пораз Мицкоски преку неговите кадри во преодната Владата прави сè за да им наштети на граѓаните, секако да ѝ наштети на државата.
Никако не може да разбере дека од изборен пораз нема да помогне со тоа што ќе и нашети на државата.
Ова правење штета на граѓаните и кочење на проетките од страна на ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине веднаш.