23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Изненадени сме од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ, дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше уште една целосно промашена операција и неуспешен обид да наштети на демократските политики на СДСМ и Зоран Заев, овојпат преку нелегални снимки,велат од СДСм.

– Ние од СДСМ и утрово сме изненадени од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ. Дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

Ако навистина ги слушнале и ако не биле во бунило, ќе им станело јасно дека објавената содржина не е ништо друго освен потврда на јавните и познати политики на Зоран Заев.

Во аудио разговорите, претседателот Заев јасно и недвосмислено зборува дека е уверен во победата на изборите и дека волјата на граѓаните е неприкосновена, дека граѓанските организации се многу поблиску до демократските отколку до режимските политики, дека нема никаква поврзаност со спомнатиот Чауш и дека бомбите се предадени на СЈО и само на СЈО и дека следува расчистување со криминалот.

Очигледно е дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ одат во корист и за јавна афирмација на добрите политики на Зоран Заев, велат од СДСМ.