Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Изненадени сме од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ, дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават?

-ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше уште една целосно промашена операција и неуспешен обид да наштети на демократските политики на СДСМ и Зоран Заев, овојпат преку нелегални снимки. Ние од СДСМ и утрово сме изненадени од степенот на бунило во ВМРО-ДПМНЕ. Дали воопшто некој таму ги преслушал разговорите пред да ги објават? – соопшти СДСМ.

„Ако навистина ги слушнале и ако не биле во бунило, ќе им станело јасно дека објавената содржина не е ништо друго освен потврда на јавните и познати политики на Зоран Заев.

Во аудио разговорите, претседателот Заев јасно и недвосмислено зборува дека е уверен во победата на изборите и дека волјата на граѓаните е неприкосновена, дека граѓанските организации се многу поблиску до демократските отколку до режимските политики, дека нема никаква поврзаност со спомнатиот Чауш и дека бомбите се предадени на СЈО и само на СЈО и дека следува расчистување со криминалот.

Очигледно е дека внатрешните поделби во ВМРО-ДПМНЕ одат во корист и за јавна афирмација на добрите политики на Зоран Заев.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК