24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМА

Трет сет на мерки: Државата со пари ќе им помогне на невработените, студентите и социјално загрозените граѓани

Државата според сознанија на Centar.mk, подготвува трет сет на мерки, во кој ќе се делат и до 150 евра наменски средства на граѓаните кои немаат приходи или имаат минимални примања.

Третиот сет на мерки, според сознанија на Centar.mk, беше подготвуван минатата недела, а треба да се најде пред Влада веќе следната недела.

Со овој сет на мерки се очекува директно кај граѓаните да бидат вбризгани шеесетина милиони евра, кои понатаму наменски ќе треба да ги бидат потрошени во македонски компании. Ваквата финансиска инекција ќе значи многу за македонската економија во период на корона криза.

Така поддршка ќе добијат ранливите категории на граѓани. Особен акцент ќе се стави и на поддршка на студентите за кио се размислува да добијат средства за да купат ИТ опрема со која ќе може успешно да продолжат да студираат.

Конечното решение се уште не е објавено, но според неофицијални информации државата покрај директната поддршка која ќе ја добијат граѓаните, ќе излезе со нов пакет помош и за загрозените бизниси, особено угостителскиот сектор.

Токму угостителскиот сектор во изминатиов период беше најгласен, бараа уште и уште повеќе, а досега добија 14.500 денари за секој вработен, многу општини најавија дека компаниите кои имаат локали ќе бидат делумно или целосно ослободени од плаќање на такса за користењето на тераси, а истовремено во пресрет на овие компании им излегоа и некои телекомуникациски компании кои им ги намалија сметките за месеците додека трае кризата.