Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ е во бунило, почна да го промовира Зоран Заев

Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ, соопштија од владејачката СДСМ.

– Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.

Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ.

Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Малолетници – разбојници и насилници завршија во полициската станица во Бит Пазар

ДЕСК

Полицијата не се шегува: 12 лица уапсени за возење во пијана состојба, напишани 2.382 казни – државата трие раце

ДЕСК

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК