23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Здрава храна за машкиот пол

Производи кои мора да ги имате во вашиот фрижидер за да се храните здраво.

Следниот пат кога ќе бидете гладни не бидете мрзеливи, туку направете си нешто од здравите продукти наместо за изедете едно парче пица или плескавица.

 

1.Новите линии на јогурти се со помала масленост  и имаат додаток на пробиотски бактерии кои го поддржуваат имунитетот и варење. Секогаш изберете обичен јогурт наместо овошен, затоа што овошниот содржи повеќе шеќер. Половина чаша јогурт и пола рака бадеми е сјаен избор за ужина, а овесни снегулки и други семиња замешани со јогурт се повеќе од добар доручек.

2.Грав- Покрај тоа што гравот е ефтин производ и е широко достапен , тој содржи и голема количина на влакна, фолна киселина, железо, цинк, како и солидна количина на протеини.

3.Брокула- Брокулите се богати со антиоксиданси кои денес се потребни за превенција од повеќе болести. Се смета дека овој одличен зеленчук влијае на намалувањето на прекумерен стероген во телото и со тоа се спречува складирањето на масни наслаги.

4.Туна- Кога не знаеш што да јадеш, посегни по добрата стара конзерва. Наместо паштета или месен нарезок, одбери лосос или туна во сопствен сок . Оваа риба е богата со здрави омега 3 масти и квалитетен процент на протеини.

5.Пилешко месо- Пилето е секогаш добар избор на месо бидејќи не е масно и брзо се подготвува. Исечи го пилешкото бело месо на танки шницли, зачини по вкус и стави малку масло. Спремно  е за неполни 15 минути.

6. Јајце-  Докажано е дека зголемениот холестерол повеќе врска има со другите телесни механизми отколку со холестеролот за храна. Јајцето обезбедува витални нутриенси како што се витаминот A, B12, D и има лесно сварлив протеин. Јајцата пржени со минимум масло, збогатени со пипер, маслинки и лук, и мало парче црн леб, е брз ефтин доручек кој ќе ве држи сит.

7. Свежо ситно и младо сирење- Доста веќе со масните павлаки, кајмаци и тврди сирења преполно со масти. Во секоја продавница можеш да најдеш свежо сирење. Свежото ситно сирење е богато со протеини, а сиромашно со масти.

8.Грејпфрут- Свежото овошје секогаш треба да ви биде на располагање, но да изедете кило банани и не е баш најсјаен избор. Нашиот шампион помеѓу овошјата е грејпфрутот кој е богат со витамин Ц, a според истражувањата, пола грејпфрут позитивно влијае на нивото на инсулин и го зголемува согорувањето на мастите.

9. Црвена пиперка и домати- Двете врсти на зеленчук се особено богати со  витамни C и ликопен кој се смета дека го намалува ризикот од заболување од рак. Ликопенот му дава впечатилва црвена боја. Пиперката и доматот се неизоставен дел од традиционалната салата, а може да се додадат и во спремањето на различни јадења.

10. Протеин од сурутка- Популарниот whey протеин го употребуваат сите фитнес ентузијасти. Лесно варливите аминокиселини од сурутката му се потребни на организмот после напорен тренинг, а еден од нив е глутаминот кој одржува добар имунтитет за време и после изложеноста на организмот на стрес.