3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

7 едноставни совети за подолг живот

Ситниците живот значат. Не мора секогаш да правите радикални пресврти во животот за да го подобрите вашето здравје и квалитет на животот. Неколку навистина едноставни совети можат да ви помогнат да избегнете здравствени незгоди, како срцев удар во вашите четириесетти години, и да уживате во длабока старост.

 

Чај секое утро 

Топлиот чај го намалува ризикот за појава на тумор на бубрезите за 15 проценти, се наведува во истражувањето објавено во списанието International Journal of Cancer. Особено здрав е чајот „Pu-erh “, кој потекнува од Кина и е многу поефикасен од зелениот или црниот чај кога станува збор за превенција на оштетување на ДНК структурата.

Спијте умерено 

Премногу долг или недоволен краток сон може да влијае навистина лошо на вашето здравје. Едно британско истражување потврди дека повеќе од девет и помалку од шест часа сон дневно го зголемува ризикот за смрт од било која болест. Идеална должина на спиењето е од седум до осум часа.

Навалете се 

Со право седење под агол од 90 степени му вршите притисок на вашиот ’рбет. Едно шкотско-канадско истражување наведува дека идеална поза за седење е кога сте благо навалени наназад, односно 45 степени од вертикалната положба.

Пијте вино и останете слаби 

Полифенолите, состојки на црвеното вино, му помагаат на вашето тело во блокирање на апсорпцијата на мастите. Општо е познато дека умерената консумација на црвено вино благотворно делува на здравјето, како и на превенција на срцев и мозочен удар.

Проверувајте ја тироидната жлезда 

Неправилното функционирање на тироидната жлезда го зголемува ризикот од разни заболувања за дури 65 проценти, пишува American Journal of Medicine. Со едноставна крвна анализа можете да ги проверите нивоата на хормоните на оваа жлезда.

Брокулата гответе ја на пареа 

Едно неодамнешно италијанско истражување откри дека термичката обработка на брокулата на пареа ја зголемува концентрацијата на глукосинолат (ефикасна состојка за борба против ракот) за 30 проценти. Спротивно, со готвење, односно варење на брокулата, истата состојка се намалува.

Истегнувајте се 

Гените во организмот кои се поврзани со срцеви болести, дијабетес или прекумерна тежина, може да се „активираат“ доколку седите во една положба со часови. Правете пауза на секој час или два и благо истегнете се. На тој начин ја подобрувате циркулацијата, а со тоа и општата состојба на организмот.

Спонзорирано: