22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИНТЕРВЈУ

Интервју со Наташа Трајкова, Менаџер за продажба во E-Horeca

Е-horeca е онлајн продавница за кафе,алкохолни и безалкохолни пијалоци од најразлични познати светски брендови. Брендот E-horeca постои и функционира активно веќе неколку месеци на пазарот, сакавме да дознаеме повеќе за нив и нивното работење и затоа имавме чест да зборуваме со Наташа Трајкова, Менаџер за продажба.

Како се роди идејата за Е-Horeca ?

E-Horeca.mk e бренд на Слајон Комерц Дооел, Компанијата постои од 1963 година, со увоз, дистрибуција и продажба на производи започнува од 1993 год. Многу години сме на пазарот и со тоа имаме стекнато големо искуство за потребите и побарувањата на купувачите, ја пратиме динамиката на брзиот живот и недостаток на време па затоа отворивме нова можност за купување. E-horeca е прекрасна можност за сите кои сакаат повеќе време да поминат со семејството, пријателите. Овој тип на услуга е наменета за сите купувачи. Едноставно додека сте на вашето работно место или во домот можете да ги нарачате сите потребни производи кој ќе ви бидат доставени до вас од страна на нашите логистички партнери.

 

Кои производи ги нудите на E-horeca?
Е-horeca е онлајн продавница за кафе,алкохолни и безалкохолни пијалаци. Кај нас може да пронајдете над 200 видови на најразлични продукти од 30 и повеќе производители. Директни увозници сме на повеќето од производите којшто се на нашата онлајн продавница, а тоа ни дава за право да имаме поволни цени.

Колку долго постои продавницата и какo поточно функционира истата?
Е-horeca започна да фунционира активно пред неколку месеци и веќе е вистински хит. Функционира многу едноставно, прво што треба да направи купувачот е да влеза на самата онлајн продавница и да ги одбере саканите производи. Откако купувачот ќе ги избери посакуваните производи, ги пополнува личните податоци, одбира начин на плаќање и адреса за испорака. Целата процедура на регистрирање и вршење на нарачка е едноставна,се одвива во неколку чекори и за неколку минути.

Кои повеќе купува од дома, постарите или помладите генерации ?
Првичната идеја не продавницата беше насочена единствено на B2B продажба, од каде што доаѓа и нашето име. Но, поради големиот број на барања, започнавме продажба кон физички лица и го проширивме нашето портфолио на производи. Во досегашното работење може да заклучиме дека сите возрасни групи од 18 до 60 години имаат подеднаков удел.

Кое е досегашното искуство? Имавте ли проблеми кои не ги предвидовте на почетокот?
Имаме позитивно искуство со онлајн продавницата, многу различен систем во однос на традиционалната продажба на која што сите сме научени. Би препорачала на сите трговци да го прифатат овој начин на продажба што поскоро. Пред почетокот на проектот, имавме консултации со многу колеги и партнери веќе навлезени во онлајн продажбата. Но како и секој нов проект наидуваме на проблеми и предизвици кој што секојдневно работиме со цел да ги решиме. Главниот предизвик особено во моменталниве услови е брзината на достава на нарачките, но заедно со нашите логистички партнери го отстрануваме секој проблем во најбрз можен рок.

Кои се вашите планови за тековната година?
Континуирано работиме на унапредување на севкупното купувачко искуство. Секојдневно добиваме предлози од нашите купувачи за нови производи кои ти бе сакале да се најдат на нашата онлајн продавница. За таа цел оваа година ќе го прошириме нашето портфолио со уште неколку докажани светски брендови во областа на кафе.