14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фотогалерија) Вечерва уште една значајна заплена- Директорот на БЈБ Сашо Тасевски, во уште една успешна акција за борба против дрога!

Во текот на денешниот ден, при акција на Бирото за јавна безбедност, на подрачјето на Град Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во куќа, при што се пронајдени и запленети 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги.

Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство. Исто така, денеска околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја.

По извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. – Информираше Тасевски.