9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

ЕБОР со поддршка од 250 милиони евра за справување со последиците од пандемијата

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе го активира „Пакетот солидарност“ за справување со економските последици од пандемијата Ковид-19, а значителна поддршка ќе биде ориентирана кон земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја.

Оваа година земјава ќе биде поддржана од ЕБОР со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании, беше кажано на видеоконференцијата меѓу претседателот на владата, Оливер Спасовски, и претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти. Дел од оваа поддршка е насочена и кон инфраструктурни проекти.

Претседателот на ЕБОР изрази задоволство од тоа како македонските властисе справуваат со пандемијата на Ковид-19, како и од преземените мерки за намалување на последиците.

Чакрабарти упати искрени честити за членството на нашата земја во НАТО и започнувањето преговори со Европската Унија. Тој истакна дека ЕБОР останува посветена на поддршката на Република Северна Македонија во процесот на преговори со ЕУ и во најкус период ќе биде потпишан меморандум за соработка за оваа сфера.

Премиерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка, како и за отвореноста на ЕБОР, особено во овој тежок период, и за вклучувањето на Република Северна Македонија во „Пакетот солидарност“.

Воедно, премиерот Спасовски искажа посветеност на Владата кон сите отворени досегашни проекти, но и кон проектите кои се во процес на планирање, за поддршка на динамичен економски раст.

Можеби ќе ве интересира

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК

Кина речиси ги престигна САД, станува главен трговски партнер на Германија

C +

Инфлацијата ја изеде платата на македонскиот работник – Како преживуваат граѓаните со минималец?

ДЕСК