На новинарско прашање дека претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Могила, на 11 април крадел дрва за време на полициски час, министерот Чулев рече дека случајот е евидентиран во билтенот на МВР и оти не сака да навлегува во политичката припадност на лицата кои го сториле настанот.
-МВР постапува неселективно кон сите граѓани кои го кршат законот, така и со конкретниот случај, кој што е веќе заведен во полицискиот билтен, за истиот случај е информирана и јавноста, потенцира Чулев.