Во Сингелиќ ситуацијата се смири откако вечерва се насобра поголема група на граѓани кои демонстрарираа откако неколкумина нивни сограѓани биле приведени од полицијата поради прекршување на полицискиот час.
Жителите во неофицијални разговори тврдеа дека приведените биле уапсени од двор каде играле карти, иако засега нема официјален податок од полицијата.
Откако приведените беа ослободени, жителите на Сингелиќ се повлекоа во своите домови.
Може само да се потенцира интересниот момент во целава ситуација, а тоа е брзината со која про-опозициските медиуми, излегоа со некои полуинформации и клевети за вечерашниот случај, што може да отвори и една друга димензија на целиот инцидент во кој да потсетиме од својот двор беа приведени неколку лица.
Поврзани соддржини:
https://center.mk/blog/2020/04/13/vo-zhivo-od-singelik-demonstratsii-za-vreme-na-politsiski-chas-politsijata-gi-oslobodi-trojtsata-uapseni/
https://center.mk/blog/2020/04/13/najnova-vest-vo-zhivo-demonstratsii-vo-skopje-srede-politsiski-chas-stotitsi-se-na-ulitsite/