Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на сите христијански верници, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар им го честита големиот празник на Христовото Воскресение.
„Во мое име и во име на СДСМ Ви го честитам големиот празник Велигден! Посакувам светлиот празник да го поминете во спокој и мир, со добро здравје. Симболот на воскресението Христово, победата на животот над смртта и жртвувањето за општото добро нека бидат дополнителен мотив да се соочиме со предизвиците кои се пред нас и да успееме“, стои во честитката на лидерот на СДСМ.
Тој нагласува дека значењето на Велигден охрабрува заедно да се избориме против невидливиот непријател и повторно да победи животот.
„Останете дома, заштитете се себеси и своите најблиски. Животот ја победи смртта, Христос воскресе“, пишува Заев во честитката.