Утре попладне ќе има услови за локален дожд претежно во јужните и западните делови од земјава. Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо.
Во Скопје ќе биде сончево.
Прогноза за 13.04.2020
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 16°С до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен југозападен ветер.
Прогноза за 14.04.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Претежно облачно, уште од пладне со локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места.
Прогноза за 15.04.2020
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.