Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метеопредупредување: Од утре вистинска зима – снег и пад на температурите од 8-10 степени

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните.

Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка.

Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.

Прогноза за 02.04.2020
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 4°С до 10°C
Сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 03.04.2020
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Сончево со умерена облачност и со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 04.04.2020
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 14°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата удри на повеќе локации низ Скопје – има приведени и малолетници

ДЕСК

Томовски ја демантира СДСМ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.